СОВЕТИ ЗА ВОЗАЧИ

БЕЗБЕДНОСТА Е ПРИОРИТЕТ

Совети за возачи

Што треба да знаат возачите?

За многумина, возењето со текот на времето станува навика и дел од секојдневието. Сепак, секогаш е корисно да се потсетиме на неколку едноставни правила кои можат да го направат патувањето побезбедно, поудобно и поеколошки — особено кога временските услови или состојбата на патот не се идеални.

Подготвивме краток избор на практични совети за нашите возачи и потрошувачи, кои ќе ви помогнат да возите посигурно, да ја намалите потрошувачката на гориво и да го продолжите векот на вашето возило.

ГРИЖА НА МОТОР

Практични препораки за подолг век на моторот и посигурно возење.

Редовна промена на масло и филтер
Маслото го подмачкува и штити моторот од абење. Менувај масло и филтер според препораките (км/месеци) и користи масло со точна спецификација за твојот мотор.
Проверка на течност за ладење (антифриз)
Прегревање е еден од најскапите проблеми. Проверувај ниво на антифриз, состојба на црева и дали има капење. Ако температурата расте — застани и провери веднаш.
Воздушен филтер и чист довод на воздух
Затнат филтер = поголема потрошувачка и помала сила. Во прашливи услови менувај порано. Чист воздух значи поефикасно согорување и помал напор за моторот.
Свечици / инјектори (рамномерен од)
Ако моторот тресе, губи сила или троши повеќе — провери свечици/калеми (бензин) или инјектори. Периодично чистење и правилна замена ја враќаат економичноста и перформансите.
Ремени и црева (превенција)
Провери ремени (алтернатор/помошни) и црева за пукнатини, истрошеност и чудни звуци. Превентивна замена е многу поевтина од дефект на пат.
Не игнорирај “Check Engine” и симптоми
Светло на табла, чад, мирис, необичен звук или губење сила — направи дијагностика на време. Мал проблем брзо станува голем ако се вози подолго без проверка.

ШТЕДИ И ВОЗИ

Неколку практични совети за пониска потрошувачка и поудобно, побезбедно возење.

Одржувај рамномерна брзина
На отворен пат, избегнувај чести нагли забрзувања и кочења. Рамномерното темпо ја намалува потрошувачката и го чува моторот.
Провери притисок во гуми (и по можност еднаш неделно)
Неправилен притисок создава поголем отпор и троши повеќе гориво. Провери кога гумите се ладни и држи се до препораките на производителот.
Намали непотребна тежина и отпор
Извади предмети што не ти требаат во багажник, а ако не користиш кровни носачи/кутија – тргни ги. Помала тежина и помал отпор = подобра економичност.
Паметно користи клима и електрични потрошувачи
Клима уредот оптоварува, особено во град. Кога е умерено време, користи вентилација. Во жешко – подобро кратко проветрување па клима на стабилна температура.
Планирај ја рутата и комбинирај обврски
Повеќе кратки релации значат повеќе старт-стоп циклуси и повисока потрошувачка. Спои ги обврските во едно патување и избегни периоди со гужва кога можеш.
Возење „со мера“: нежно забрзување и навремени брзини
Нежно притискај гас и менувај брзини навреме. Целта е моторот да работи мирно, без непотребно високи вртежи – тоа најчесто носи најдобра потрошувачка.

ЗИМСКИ СОВЕТИ

Подгответе го возилото и возете смирено — зима значи помалку триење и повеќе претпазливост.

Зимските гуми даваат подобро држење на ладна подлога. Проверете притисок редовно — на студено често паѓа и тоа влијае на стабилност и потрошувачка.
Осигурете се дека антифризот е соодветен и дека течноста за стакло не замрзнува. Видливоста е критична во снег и сол на пат.
Не е потребно долго “празно” загревање. По кратка минута, тргнете нежно и дозволете моторот да достигне работна температура во возење.
На снег/мраз, кочењето бара повеќе простор. Зголемете дистанца и кочете постепено за да избегнете пролизгување.
Снег на кров може да се лизне на ветробран или задни возила. Исчистете светла, регистарски таблички и камери/сензори ако ги имате.
Корисно е да имате стругач, мала лопата, кабли за стартување, ракавици и ќебе. Во екстремни услови, овие работи се спас.

БЕЗБЕДНО ВОЗЕЊЕ

Едноставни навики што значат поголема сигурност за вас и сите учесници во сообраќајот.

Држи безбедна дистанца
Оставете доволно простор за кочење, особено во градски гужви и на автопат. Поголема дистанца = помал ризик од ненадејни ситуации.
Почитувај ограничувања и прилагоди на услови
Дури и кога патот изгледа “чист”, влажна подлога, магла или слаб видик бараат помала брзина и поголема претпазливост.
Без телефон – поглед на пат
Користете hands-free само кога е неопходно. Пишување пораки и пребарување во возење значително го зголемуваат ризикот од несреќа.
Провери светла, бришачи и течности
Добра видливост е клучна: исправни светла, квалитетни бришачи и доволно течност за шофершајбна прават голема разлика.
Ремен + правилна позиција
Врзан ремен за сите патници, седиште и наслон правилно наместени, а воланот на удобна дистанца — тоа подобрува контрола и безбедност.
Пауза на секои 2 часа
Заморот е “тивок ризик”. На подолги релации направете кратка пауза, истегнете се и освежете се пред да продолжите.